11-годишната борба за потомство ја заокруживме со оваа мала принцеза: Благодариме на „Аџибадем Систина“

Добивај вести на Viber

Уште една убава и успешна приказна на болницата „Аџибадем Систина“, се најде на нивните профили на социјалните мрежи.

Имено мајката Биле и таткото Игор се заблагодарија на тимот за нивната ќерка Ивана.

„Кога својата цел ќе ја довериш во вистински раце и силно се надеваш и веруваш, со сигурност ја остваруваш. Нашата 11-годишна борба за потомство ја заокруживме со оваа мала принцеза. Тоа е нашата Ивана, која со мама и тато му се заблагодарува на целиот тим од Одделот за асистирана репродукција, особено на д-р Слободан Лазаревски и сестра Анита, како и на тимот од Одделот за гинекологија со д-р Гордана Петровска. Благодариме на 'Аџибадем Систина' за исполнетата желба, за која мечтаевме 11 години“ - се заблагодарија мама Биле, тато Игор и малата Ивана.

View this post on Instagram

A post shared by Acibadem Sistina Hospital (@acibademsistina)