А1 Македонија со успех ја реализира првата конференција Content Positive 2025
А1 Македонија со гордост ја реализира првата конференција Content Positive 2025, една поинаква конференција, наменета за промоција на побезбеден и поквалитетен дигитален простор. Настанот претставува значаен чекор во визијата на компанијата за создавање позитивен и одговорен онлајн екосистем, каде што секој корисник може да се чувствува заштитено и информирано.
„Content Positive 2025 ја потврдува нашата долгорочна заложба како компанија да изградиме дигитален свет кој е безбеден, одговорен и инспиративен за сите. Нашата цел не е само да обезбедиме технолошка иновација, туку и да создаваме култура на свесност, образование и позитивни практики во онлајн заедницата. Веруваме дека секој поединец, организација и креатор има улога во градењето на побезбедно интернет опкружување, и само со заедничка одговорност и знаење можеме да овозможиме интернет кој е инклузивен, доверлив и поттикнувачки за развојот на следната генерација,“ изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.
„Наша мисија како компанија е да поттикнуваме одговорно користење на дигиталните технологии и да создадеме услови за иновации кои носат позитивни промени. Content Positive 2025 ја истакнува важноста на практичните решенија, соработка и свесност, кои се клучни за градење на сигурен и инспиративен онлајн екосистем. Веруваме дека со обединување на експерти, креатори и институции можеме да го обликуваме дигиталниот свет така што секој корисник ќе се чувствува заштитено, информирано и вреднувано,“ додаде Бранкица Толевска, раководител на бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.
На конференцијата учествуваа бројни истакнати личности од различни области, кои со својата експертиза и искуство дадоа значаен придонес во дискусиите за дигитална безбедност, медиумска одговорност, приватност, дигитални права, креаторство и младите како идни носители на позитивни промени во онлајн светот. Меѓу учесниците беа: Коле Чашуле, д-р Иван Чорбев, Нина Ангеловска, Јована Аврамовска, Стевчо Ристески, Н.Е. Амбасадор Памер, Ана Колева, Божидар Спировски, Весна Трпевска, Ас. д-р Васка Митова, проф. д-р Калина Сотироска Иваноска, Биљана Ристеска, Живко Мукаетов, Кики Мукаетова, Ана Попризова, д-р Димитар Јовевски и Елеонора Венинова.
А1 Македонија им се заблагодарува на сите учесници, панелисти и гости за нивниот активен придонес, инспиративни дискусии и посветеност, кои ја направија конференцијата Content Positive 2025 значаен настан за промоција на безбеден и одговорен дигитален простор.А1 останува посветена на темата за градење позитивен и безбеден дигитален екосистем. Компанијата ќе продолжи со активности и иницијативи кои поттикнуваат свесност, образование и одговорно користење на дигиталните технологии.
ПР објава