Ако ги воспитуваме нашите деца, како што сме воспитувани ние, државата ќе ни ги одземе: Седум воспитни принципи од 80тите кои денеска се строго казнувани
Детството на генерациите кои денес се родители се разликува драстично од детството на нивните деца.
Осумдесеттите години, кога немаше интернет, мобилни телефони и прекумерна контрола, изгледа како едно поедноставно, но и побезгрижно време.
Иако знаеме дека реалноста тогаш често била потешка, многумина сепак со носталгија велат дека тогаш детството било послободно, а родителството – многу поразлично.
Еве неколку работи кои беа сосема нормални во осумдесеттите, а денес би предизвикале неверување.
1. Децата сами дома
Многу деца се враќаа од училиште во празен дом. Ги имале клучевите од станот, сами си подготвувале оброк и често поминувале часови без надзор. Денес, тоа е речиси незамисливо – сообраќајот е погуст, опасностите се повеќе, а соседството повеќе не е сплотено како порано.
2. Телесно казнување
„Ќотекот од рајот излегол“ беше вообичаена фраза. Родителите и наставниците користеле физички казни, верувајќи дека стравот е најдобар учител. Денес знаеме дека тоа создава агресија и нарушува доверба. Современото родителство се базира на разговор и разбирање, а не на страв.
3. Емоционален стоицизам
Во осумдесеттите, емоциите ретко беа тема. Целта беше да се „опстане“ и да се продолжи понатаму. Денес, родителите ги учат децата да зборуваат за чувствата и да ја разберат својата емоционална состојба.
4. Без приватност во домот
Родителите порано читаа дневници, проверуваа ранци и влегуваа во соби без тропање. Денес, приватноста на детето се почитува, но со внимателен надзор и доверба.
5. Исхраната без правила
Во тоа време се јадело што ќе има. Никој не зборувал за алергии, здрави навики или органска храна. Денес, родителите се поинформирани и децата се вклучени во изборот на оброци.

Pexels
6. Опасни навики
Возење без сигурносни појаси, без седишта за деца, возење велосипед без кацига – сето тоа беше секојдневие.
Денес, правилата за безбедност се строго почитувани и бројот на несреќи е значително намален.
7. „Затоа што јас така реков“
Авторитарното воспитување беше норма. Родителот одлучуваше без објаснување. Денес, децата се охрабруваат да прашуваат и да размислуваат критички.
Иако времињата се променија, едно е јасно – родителството денес бара повеќе трпение, свесност и емпатија. Она што некогаш се сметало за нормално, денес би изгледало строго, но можеби токму затоа детството тогаш имало една едноставна магија – слободата што ретко кој денешен родител ѝ дозволува на своето дете.
Извор: still.kurir.rs / Pexels