Ана споделува како и каде да запознаете и „уловите“ богат партнер: Полесно е отколку што мислите, вели таа

Блогерката Ана Беј (33) е позната по прекарот „Jet Set Baby“.
Со нејзиниот блог, таа им помага на жените да се вклопат во високото општество и да најдат богат човек за сопруг.
Родена во Шведска и девојка на банкар, таа често го споделува својот гламурозен начин на живот со дури 50.000 следбеници на Инстаграм. На нејзината страница „Училиште за успех“, Ана препорачува да ги посетите супермаркетите од висока класа, продавниците за пури, изложби за јахти и да одите на опера, тврдејќи дека тоа ќе ви ги зголеми шансите да најдете богат човек.
Вели дека летото е идеално време да го запознаете мажот од вашите соништа бидејќи сите почесто излегуваат и се порасположени за љубов. Тајната е во тоа што слободните мажи имаат тенденција да работат подолго, бидејќи немаат жена или семејство на кое ќе го посветат своето време. Затоа Ана предлага да се посетат деловите од градот каде што се финансиските институции.
- На такво место ќе најдете бизнисмен - во блискиот ресторан или бар, со помала женска конкуренција - вели блогерката и додава - исто така, размислете како патуваат самците.
-Ја препорачувам Европа, особено Медитеранот бидејќи моментално мажите сакаат да патуваат каде што можат малку и да се забавуваат. Ако се под 50 години, често патуваат во групи или со оженети пријатели, па изборот е поголем - додава Ана.
- Добрите социјални врски се многу важни. Така го запознав мојот партнер и така многу од моите пријатели ги најдоа своите сопрузи. Ако се движите во богато општество, ќе наидете само на богати луѓе и кога ќе ги воспоставите тие врски, совршено место за да го запознаете вистинскиот е на свадба на пријател - тврди Ана.
– Тоа е одлично место бидејќи поттикнува романтични емоции – објаснува блогерката која успеала да најде богат човек и партнер па сега сака да им помогне и на други девојки.
извор:najzena