Луна Џогани го изгуби бебето: Анабела Атиас со трогателни зборови ѝ пружи бескрајна поддршка на ќерката

Добивај вести на Viber

Луна тешките моменти ги поминува во друштво на најблиските, кои ѝ се најголема поддршка

Откако пејачката Луна Џогани и нејзиниот избраник Марко Миљковиќ ја објавија тажната вест дека Луна го загубила бебето, сите нејзини пријатели и следбеници на социјалните мрежи ѝ пратија утешителни пораки.

Сепак, нејзини најблиски поддржувачи се нејзиниот партнер Марко и нејзината мајка Анабела Атиас.

Анабела многу се израдувала поради тоа што повторно ќе стане баба, па сега оваа вест навистина многу ја погоди. На новинарското прашање што се случило и како се чувствува, таа само кусо одговори:

- Моментално сум во хаос. За жал тоа се случува, но Луна е здрава и силна млада жена! - рече Анабела и додаде:

- Жал ми е за Луна бидејќи таа поминува низ сето ова. Но, фала му на Бога, таа не е сама. Имаат прекрасна ќерка, Господ сигурно знае зошто се случи ова. Тука сум, и секогаш ќе бидам нејзина поддршка – пренесува „Блиц“.

View this post on Instagram

A post shared by Luna Djo Miljkovic (@luna_djogani)


 - Оваа бременост ја загубивме по 12 недели. Дознавме неколку дена претходно, не сакавме веднаш да кажуваме, да помине малку. Така требало да биде, некој вирус поминал низ мене, така рече докторот, фетусот беше многу мал, жените што го поминале тоа знаат. Што и да се случи со мајката влијае на плодот, не бев добро, не знаев дека сум бремена кога отидов во Америка. Срцето престана да чука, фала му на Бога, добро е што беше рано, пред да се формира - изјави Луна.


Извор: glossy.espreso.co.rs