Андреа Бочели ја пее „Feliz Navidad“ со синот и ќерката: Божиќното трио кое грее срца (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Омилена празнична мелодија од Бочели, која ќе ја одбележи празничната сезона за 2022 година…

Андреа Бочели заедно со неговиот син Матео и ќерката Вирџинија сними посебен семеен божиќен албум.

„Семеен Божиќ“ е збирка на традиционални песни аранжирани за три гласови и нови оригинални песни, вклучувајќи ја и „Најголемиот подарок“, која веќе има над три милиони прегледи на „YouTube“ од нејзината премиера на 11-ти октомври.


„Го нудиме нашиот мал, интимен и срдечен подарок на секој што сака да ужива во звукот на Божиќ во домот на Бочели“, вели семејното трио за албумот.

Најновиот сингл „Feliz Navidad“, трио-аранжман на класичната божиќна песна, доаѓа со ново музичко видео сместено во домашната зимска земја на чудата.


„Мислам дека нема ништо поубаво од тоа да правиш музика со твоите деца“, вели Андреа Бочели за снимањето на албумот.

„Сметам дека тоа е привилегија“, додава Матео. „Пеејќи ги овие песни заедно,чувствувајќи ја празничната топлина со моето семејство е нешто навистина посебно. Тоа е она за што е Божиќ - правење спомени заедно за да се негуваат засекогаш. Навистина е возбудливо да се мисли дека луѓето ќе имаат копија од нашиот албум завиткана под елката“.

Албумот „Семеен Божиќ“ („A Family Christmas“) беше целосно објавен на 21-ви октомври на „Decca/Capitol Records“, како прослава на генерациите музички таленти на семејството.


Празничниот албум го следи огромниот успех на божиќниот концерт „Believe in“ на Андреа Бочели, емитуван низ целиот свет поради карантинот во 2020-та година. На него имаше прекрасен дует во празниот „Театро Реџо ди Парма“, со осумгодишната Вирџинија на вокал и хармонија и нејзиниот татко на гитара и вокал.

Извор: www.classicfm.com