Блескав почеток за Нела: Македонската претставничка ја имаше првата проба на Јуниорскиот Евросонг

Добивај вести на Viber

Младата и талентирана Нела Манчевска ја имаше својата прва проба на големата евровизиска сцена во Тбилиси, Грузија, каде годинава ја претставува Македонија на 23. издание на Јуниорскиот Евросонг. Пејачката, која со својот талент веќе го привлече вниманието на јавноста, со самодоверба зачекори на сцената со песната „Miracle“.


Песната, чија музика е дело на композиторот Лазар Цветкоски, а текстот го потпишува неговата сестра Магдалена Цветкоска, носи силна и инспиративна порака. „Miracle“ не е само композиција — тоа е емоција. Раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе, за моментот кога ја откриваме сопствената светлина дури и кога сме опкружени со темнина. Со својот чувствителен вокал и искрена интерпретација, Нела ја пренесува пораката дека секое дете, секој човек, има внатрешна сила да засвети и да го испише својот пат.

Нела Манчевска  носејќи ја светлината и енергијата на „Miracle“ пред европската публика, ќе настапи на финалната вечер, што ќе се одржи на 13 декември во Тбилиси. 

Во неодамнешно интервју за Женски магазин, младата пејачка откри дека нејзина најголема желба отсекогаш била да ја претставува Македонија на Евровизија — сон кој оваа година ѝ се оствари.

Македонската претставничка веќе ги освои симпатиите со својата зрелост, талент и сценска харизма, а „Miracle“ ветува блескав настап кој ќе ја претстави нашата земја во најдобро светло.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук

Со глас како славеј го освојува Балканот: Нела Манческа на само 13 години има освоено повеќе од 20 награди на музички натпревари - „Предизвик ми е Детска Евровизија“

Нела Манческа со песната „Miracle“ ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025