Девојка го истетовира ликот на своето поранeшна љубов на образот: „Знам дека ќе ми се врати“

Таа објави видео на кое ја покажува тетоважата, а цело време носи маици со ликот на нејзината поранешна партнерка
Веруваме дека познавате парови кои истетовирале нешто што ги поврзува во чест на нивната љубов. Тоа се главно иницијали на име или тетоважа, чие значење само двајцата го знаат.
Сепак, дали досега сте слушнале некој да посветува тетоважа на поранешен партнер кој бил неверен? Ако никогаш не сте имале таква прилика, еве сега.
Имено, Нарали е девојка која стана популарна на социјалната мрежа „TikTok“ откако објави видео на кое покажува тетоважа на образот. Како што објаснува, тетоважата е посветена на нејзината поранешна љубов која ѝ била неверна.
- Почнавме да живееме заедно, јас останав бремена, родив син, а потоа дознав дека цело време ми бил неверен - изјави оваа девојка.
Сакала да му прости што ја изневерил, но тој сепак решил да ја остави. Тогаш донела одлука да го истетовира неговиот лик на образот, а како што вели смета дека сите се љубоморни поради овој нејзин чин.
- Луѓето оставаат лоши коментари затоа што се љубоморни, а не затоа што се загрижени. Верувам и знам дека еден ден ќе ми се врати – заклучи таа, а пренесува „Мирор“.
Извор: www.telegraf.rs