dm раззелени 4 училишни двора за 2 месеци како дел од конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“
Продолжуваат
активностите за пошумување и раззеленување како дел од проектот „Зелена иднина:
од градинка до училиште “ кој компанијата dm drogerie markt го реализира во
партнерство со Македонското
еколошко друштво (МЕД) . Овој месец, ООУ
„Рилиндија“ во С.Батинци и ООУ „Кочо Рацин“ во Општина Петровец, добија
донација наменета за набавка на 256 садници, за да се збогати хортикултурното уредување и да се
подобри вегетацијата на нивните училишни дворови.
Конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ има за цел да го поддржи раззеленувањето и хортикултурното уредување на дворовите на државните и општинските градинки и училишта во земјата, со акцент на подобрување на животната средина и создавање на зелени површини за учениците. Минатиот месец беа раззеленети дворовите на ООУ „Стив Наумов“ од Битола и ООУ „Његош“, Јурумлери во општина Гази Баба во Скопје. Преку зелените училишни дворови учениците дишат почист воздух богат со кислород, мотивирани се да играат и да се дружат повеќе надвор, и се стекнуваат и со поголема мотивација за едукација. А со новите засадени стебла ќе добијат и повеќе сенки за освежување за време на топлите денови и заштита од силните УВ сончеви зраци.
Садењето беше збогатено и со едукативни предавања, благодарение на експертизата и стручноста на претставниците од Македонското еколошко друштво. Преку овие предавања, учениците имаа можност пред садењето, да научат многу повеќе за тоа колку е важно да се грижиме за животната средина.

Сите проекти пријавени на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ ги разгледува специјално составен стручен тим од претставници на dm drogerie markt и претставник од Македонското еколошко друштво (МЕД). На конкурсот можат да се пријават сите државни и општински градинки, основни и средни училишта, а крајниот рок за аплицирање е 31.8.2026. Во секој од предвидените месеци за садење се реализираат по два проекти. Пријавувањето на нови проекти за конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ може да се направи преку формуларот за пријава на платформата ,,Заедно едни за други“.
Ова е еден начин на кој dm drogerie markt во соработка со Македонското еколошко друштво-МЕД враќа кон заедницата во која постои и покажува висока еко-свест за животната средина. Но, со донацијата dm поставува и пример за еко-одговорност, децата дека треба да се грижиме за природата и да го посадиме зеленилото кое сакаме да го видиме околу нас, исто како што со образованието ја негуваме следната генерација на луѓе на кои ќе го оставиме светот.
ПР објава