Додека се борела за живот, нејзиното момче ѝ свртело грб: Катарина Грујиќ го опиша тешкиот период кој ја исчеличил

Популарната пејачка Катарина Грујиќ деновиве се чувствува како најсреќната жена на светот, но зад неа има и тешки денови
Пејачката Катарина Грујиќ од неодамна ужива во среќен период од животот - му кажа „да“ на фудбалерот Марко Гобељиќ, а парот ја доби и ќерката Катја, која донесе многу радост во нивното секојдневие.
Сепак, на приватен план не било сè секогаш идеално, а пејачката пред неколку години доживеала вистинска драма.
- И денес ми е тешко да се сеќавам на тој период. Со страшни болки се вратив дома од Јахорина. Нешто се кинеше во мојот стомак, но и во пределот на бубрезите. Отидов на лекар, но лекарите во тој момент ме уверија дека сè е во ред. Додека рекоа дека сум добро, се онесвестив од болка. Примав инјекции и одев на настапи. Пеев и играв на сцената затоа што не сакав да ја изневерам публиката, а внатре умирав од болка. После неколку месеци таков пекол, завршив во болница – вели таа во интервју за „Курир“.
Како што истакнала, лекарите биле загрижени откако била хоспитализирана бидејќи прогнозите биле дека Катарина би можела да остане без еден бубрег.
- Лекарите не можеа да поверуваат во каква состојба е мојот бубрег. Ми рекоа дека пропаѓа, дека ќе мора да го извадат. Во еден момент бев толку болна што сериозно се загрижив за мојот живот. Семејството беше со мене цело време и сите дојдоа во болница да се тестираат. Сакаа да утврдат кој од нив може, не дај Боже, ако треба, да ми донира бубрег. Сестра ми веднаш рече: „Јас ќе донирам“, исто како и мајка ми и татко ми. Ги гледам, знам дека сакаат да ми помогнат, а душата ме боли кога ќе помислам дека некој од нив може да го изгуби тој орган. Неизмерно сум им благодарна, тоа не се заборава. Тие се моите единствени вистински пријатели – се присетила пејачката.
За време на престојот во болница пред скенерот добила контраст, за кој се покажало дека предизвикал алергиска реакција, поради што Катарина имала напад на задушување.
- Докторите ме однесоа на скенер и потоа ми вбризгуваа интравенски контраст, на кој, како што се покажа подоцна, бев алергична. Почнав да се гушам, не можев да земам здив. Ме зафати страшна паника. Тогаш започна вистинската драма. Во тие неколку секунди цел живот ми помина низ глава. Лекарите веднаш реагираа и ми дадоа инекција. Да не бев опкружена со експерти, веројатно ќе се задушев. Беше морничаво! - рече пејачката.
Како што објасни Катарина, тогаш сфатила во кој навистина може да има доверба во животот и кој е покрај неа без прашање.
- Тој период во болницата ми помогна да сфатам на кого можам да се потпрам во животот. Всушност, заклучив дека го имам семејството и мал број пријатели. Не сакам да зборувам за тој период, не сакам да се сеќавам – изјави таа.
Катарина цело време додека се борела со болеста била во врска, но нејзиниот тогашен партнер не ја посетил.
- Тој не дојде во болница и моите емоции исчезнаа во тој момент. Како некој да ја исклучи таа љубов со притискање на копче. Очекував да биде покрај мене и да ме држи за рака, а не да ми го врти грбот. Но, „она што не те убива, те прави посилен“. Тој цитат го имам истетовирано на раката – изјави пејачката.
Извор: glossy.espreso.co.rs