Дознав дека сум бремена дури во 36-та недела: Немав никакви симптоми, ниту стомак, ниту мачнини

Добивај вести на Viber

Иако бременоста најчесто доаѓа со препознатливи симптоми, постојат ретки случаи во кои жените речиси и да немаат никакви знаци - сè до самото породување. Суптилните или целосно незабележливи симптоми можат да ја направат бременоста да помине незабележано, што доведува до шок и неверица кога бебето конечно ќе се роди. Една жена на Reddit сподели токму такво искуство.

Таа објасни дека повеќето луѓе не веруваат во приказната што ја споделува затоа што изгледа речиси неверојатна.

„Ова е навистина 100 проценти вистина! Толку многу луѓе беа во шок што решив да раскажам сè. Имав 21 година кога забременив, а се породив на 22. Никогаш не сум била „нормална“ хормонално и менструално, го знам тоа со години.

Но, верувале или не, немав никакви симптоми за време на бременоста. Немаше болки во стомакот, немаше утрински мачнини, немаше посебни желби, немаше одбивност кон храна - ништо. Бременоста беше целосно невидлива“, напиша таа.

Таа исто така додава дека таа и таткото на детето имале секс без кондом само еднаш, и користеле дополнителна заштита.

Според Клиниката во Кливленд, оваа ситуација се нарекува криптична бременост. Може да се случи ако жената има екстремно нередовни менструации, не ги препознава вообичаените симптоми на бременост или дури добие негативен тест иако е бремена. „Можно е жената да не сфати дека е бремена сè додека не почнат породувањата. Обично, бременоста се открива помеѓу четвртата и дванаесеттата недела, кога се појавуваат симптоми или менструацијата е отсутна“, велат експертите.

Во случајот на оваа корисничка на Reddit, единствениот знак што го имала бил доцнење на менструацијата, но таа истакнува дека никогаш немала редовен циклус.

„Никогаш не сум имала редовна менструација. Како да сум влегла во пубертет многу порано од сите други. Дури и денес, по породувањето, мојот циклус не е стабилен. Понекогаш минуваат месеци без менструација“, објасни таа, одговарајќи на коментарите за тоа зошто не посетила лекар.

Дознала дека е бремена дури во 36-тата недела од бременоста, благодарение на пријателка која ја убедила да направи тест откако признала дека немала менструација со месеци. Додала и дека нејзиниот најдолг период без циклус траел цела година.

Бременоста не била планирана, таа повеќе не е во врска со таткото на детето, но како што вели, двајцата се посветени на одговорна грижа за својот син.


РЖМ/ИС  - ФОТО: Фрипик