Драматични сцени од Италија: Земјотрес кај Римини - оштетени згради, прекин на железничкиот сообраќај (ФОТО+ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Првите снимки од земјотресот во Италија

Утрово (09 ноември) околу 07:00 часот Италија ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.


Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на шеесетина километри од Римини, а граѓаните веќе почнале да пријавуваат оштетувања на ѕидови или згради. На социјалните мрежи кружат видеа од штетите.



- Денеска, 9 ноември 2022 година, во 7 часот и 7 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа многу силен земјотрес со епицентар во морето кај Римини. Магнитудата на земјотресот била 5,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е почувствуван и низ цела Хрватска - соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Италијанските медиуми јавуваат дека превентивно, железничкиот сообраќај на Јадранската пруга е прекинат поради сомневање за оштетување на шините.


Фото и Видеo: Твитер/Youtube