Џенифер Лопез ја пофали Џенифер Гарнер како мајка: Нашите деца се најдобри пријатели

Добивај вести на Viber

Во новото интервју за магазинот „Вог“, Џенифер Лопез зборуваше за нејзината врска со поранешната сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер.

Лопез сподели како изгледа заедничкото родителство меѓу Афлек и Гарнер, кои го делат старателството над нивните три деца, и ја пофали нивната родителска грижа, додавајќи дека тие се „одлични тимски играчи“.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Во новото семејство владее добра атмосфера

Заедно со 14-годишните близнаци на Џенифер Лопез, Ема и Макс, на новото пошироко семејство му се придружија и децата на Бен, Вајолет (16), Серафина (13) и Семјуел (10). Процесот на адаптација на новонастанатата ситуација не беше лесен, па Џеј Ло и Бен се одлучија за тактиката на трпение.

"Нашите деца станаа најдобри пријатели и тоа не држи приземјени и благодарни. Не можевме да посакаме ништо подобро отколку тие петмина да се сложуваат", изјави пејачката.

„Она што се надевам дека ќе го негувам со нашето семејство е дека неговите деца имаат нов сојузник во мене, а моите деца имаат нов сојузник во него, некој кој навистина ги сака и се грижи за нив, но може да има поинаква перспектива и да ми помогне да видам работи што вообичаено не ги гледам поради мојата емотивна поврзаност со децата“.

„Тие имаат толку многу измешани чувства. Тие се тинејџери“, објасни Лопез, додавајќи дека работите „досега одат добро“.

Да потсетиме, изјавите на Лопез доаѓаат откако Гарнер откри дека не се радува на заедничките празници, а гласините за проблемите со Афлек не престануваат.

извор:index

Едноставно, но толку смело: Црниот фустан на Џенифер Лопез секоја жена ја претвора во заводничка (ФОТО)