„Фала Скопје“: Зошто хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ им се заблагодари на Македонците

Добивај вести на Viber

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ викендов беше гостинка во Скопје, од настапот сподели и видео кое го опиша со кратка, но емотивна порака: Фала Скопје со додаден емотикон со црвено срце. 

 Фактот дека Мартиновиќ се заблагодари со „Фала“ наместо „Хвала“, покажува дека се обидела на македонската публика да ѝ направи чест и да се заблагодари на македонски јазик. 

Емотиконот со црвено срце покажува силна емоција и поврзаност со македонската публика. Очигледно е дека со оваа иако кратка, но многу податлива порака Мартиновиќ открива дека е задоволна од интеракцијата со публиката во Скопје и носи полн багаж импресии токму од главниот град на Македонија. 

 Македонската јавност, пак, ја препознава Мартиновиќ како една од ретките регионални ѕвезди која се истакнува со својата природна убавина, а многумина велат и дека таа не старее. Без ниту една естетска корекција, Данијела која е во шестата деценија од својот живот, изгледа како девојче, а нејзината енергија на сцена дополнително го потврдува тој впечаток.