Фановите на серијата „House of the Dragon“ не веруваат што гледаат: Се појави грешка која беше забележана во последната епизода

Добивај вести на Viber

Верните фанови на серијата „Куќа на змејот“ (House of the Dragon) забележале грешка во последната епизода што се емитуваше

Верните фанови на серијата „Куќа на змејот“ (House of the Dragon) забележале грешка во последната епизода што се емитуваше

Станува збор за сцена со кралот Висерис, кој го игра актерот Педи Консидин.

Имено, кралот Висерис си ги пресекол прстите додека го допирал Железниот трон, поради што раната се инфицирала - што на крајот го чинело пар прсти.


Повредените прсти се претставени во серијата со помош на специјални ефекти, односно т.н „зелен екран“.


Сепак, креаторите на серијата пропуштија да го вклучат ефектот во сцената, па прстите останаа само - зелени.

Овој пех не‘ потсети на познатата грешка во осмата сезона на „Игра на тронови“, кога на масата на која седеше Денерис Таргариен, која ја игра Емилија Кларк, остана шолја кафе. Грешката потоа беше поправена.


Во 2019 година, Кларк откри дека нејзинаиот колега Конлет Хил ѝ кажал дека случајно оставил чаша на сцената. Таа рече дека Хил, кој го играше Лорд Варис во серијата, ѝ признал:

„Емилија, имам нешто да ти кажам, љубов - шолјата кафе беше моја“.


Фото: Youtube - screenshoot