Го пронајде брат ѝ по 54 години потрага: Нивната прва средба никого не остава рамнодушен (ВИДЕО)

Братот и сестрата 54 години живееле за овој момент.
Ги разделија од мали нозе, но љубовта меѓу нив никогаш не исчезна.
Морин Годвин била одвоена од својот брат Брејн како дете. Оттогаш изгубиле секаков контакт, но никогаш не заборавиле еден на друг. Тие упорно се барале повеќе од половина век. Иако на моменти можеби губеле надеж, мислејќи дека никогаш повеќе нема да се видат, откажувањето во никој случај не било опција. И, по бројните неуспешни обиди, конечно повторно се заедно!
Нивната среќа беше бескрајна кога конечно се прегрнаа во меѓународното пристаниште Хантсвил во Алабама.
„О, толку долго го чекав ова“, рекол Брејн кога ја видел својата сестра.
Морин од својата 15-та година живее во Северна Алабама, додека нејзиниот брат Брејн живеел во Англија. Пред околу три години Годвин го најде брат ѝ преку Ancestry - најголемата непрофитна американска генеалошка компанија со седиште во Јута, САД, која управува со мрежа на генеалошки, историски записи и поврзани веб-страници за генетско потекло.
Брајан Њутн и Морин имаат огромна желба да надоместат се што пропуштиле, братот и сестрата не можеа да ги сокријат емоциите и возбудата што се пронајдоа по 54 години. И двајцата нагласуваат дека живееле за овој момент.
- Ова е прекрасен благослов, ти благодарам, Боже, што го најдов мојот брат, рече Морин.
извор:stil.kurirМајка ѝ ја оставила на скалите како новороденче: По 35 години се случува пресврт од кој ќе заплачете
Мајка ѝ во зима ја оставила на улица покрај контејнер, а денес е успешна жена: Кога го зедов своето бебе во раце, сфатив што направила, не можам да ѝ простам