Голема наградна игра на НЛБ Банка: Со НЛБ Visa освојте го новиот Opel Frontera Hybrid
Овој празничен период, секоја трансакција со НЛБ Visa картичките ве приближува до остварување на вашите соништа. Во духот на празничната радост и магичните моменти, еден корисник на НЛБ Visa картичките ќе стане среќниот добитник на новиот Opel Frontera Hybrid и ќе ја започне годината возејќи го својот сон.
НЛБ Банка ја започнува големата наградна игра „Со НЛБ Visa, вози ги своите соништа!“, која ќе трае од 1 декември 2025 до 15 јануари 2026. Празничните купувања и секојдневните трансакции веќе не се само плаќања, туку можност за вредни награди. Во рамки на наградната игра, НЛБ Банка доделува вкупно 29 награди - 14 парични награди по 15.000 денари, 14 iPhone 16E, а на 16 јануари 2026, еден среќен добитник ќе го освои новиот Opel Frontera Hybrid.
Доволна е една трансакција од 1.500 денари или повеќе, извршена во земјата или странство со НЛБ Visa дебитна или кредитна картичка, за учество во наградната игра. Секое следно плаќање дополнително ги зголемува шансите за награда, бидејќи секоја трансакција претставува нова можност за една од наградите.
Со НЛБ Visa, плаќањата се едноставни, сигурни и удобни. Кредитните картички Visa Classic и Visa Gold овозможуваат одложено плаќање и минимална месечна отплата од само 5%, додека дебитните картички овозможуваат брзи, практични и сигурни плаќања, со многубројни поволности за корисниците.
НЛБ Банка продолжува да создава искуства и можности кои носат радост, сигурност и вистинска вредност за своите клиенти.
Повеќе информации за наградната игра се достапни на веб-страницата на НЛБ Банка, на следниот линк.