ХЕМАТОМ НАД ОКОТО И ЗАД УВОТО, МОДРИНКИ ПО ВРАТОТ: Брутално претепано 8-годишно дете од цела група врсници, насилството трае со години

Осумгодишно момче беше брутално претепано од група негови врсници во игротека во Врање на роденденска забава, а насилството трае подолго време, тврди мајката.
Јелена Ѓ. наведува дека насилството врз нејзиниот син започнало во прво одделение, прво вербално, нарекувајќи го „буцко“ и „дебело“, поради што малото момче почнало да не јаде.
„Од почетокот го навредуваа, го нарекуваа со погрдни имиња, а кога едно дете ќе почне да се однесува така, целата група продолжува. Јас сум најмладата мајка од сите родители во тој клас, неколку пати се обидов да разговарам со наставничката, но работата излезе од контрола“, рекла мајката.
Вербалното насилство на крајот прераснало во физичко, па еден ден малото момче се вратило дома со модринки на вратот од удари со тупаници. Мајката додава и дека нејзиното синче има проблеми со депресија и дека постојано избегнувахрана поради навреди за килограмите.„Со сопругот отидовме кај училишниот психолог и му објаснивме дека нашето дете има проблем на училиште. Не добивме повратна информација од психологот, а дознавме и дека наставничката не дозволува нашето дете да оди во тоалет“, тврди мајката. Видеото од насилството и повеќе информации за случајот погледнете на Фактор.мк
Фото: Фејсбук