Итно ѝ оперираа тумор, за еден месец ослабе 8 килограми: Најубавите вести ја чекаа пејачката по пеколот

Добивај вести на Viber

Пејачката Ивана Селаков до пред осум години никогаш немала проблем со своето здравје, а потоа во 2014 година на рутински преглед ѝ бил откриен тумор на матката.

Пејачката по ова сознание била исплашена и шокирана, но лекарите ѝ објасниле дека нема од што да се плаши бидејќи, како што претпоставувале, туморот е бениген.

Во Земунската болница на пејачката итно ѝ била закажана интервенција која траела три часа и се поминало во најдобар ред.


„Резултатите треба да бидат готови за десетина дена, тоа беше рутинска интервенција и сега се‘ е во најдобар ред, ги чекам резултатите за да ја потврдат добрата прогноза која ја имаат лекарите и навистина не сакам да зборувам. Преокупирана сум со работа, настапи, емисии“, изјави тогаш пејачката за „Ало“, која апелираше до сите дами редовно да се прегледуваат кај гинеколози.

Но, оваа ситуација имала одредени последици врз Ивана, па таа за еден месец ослабела повеќе од осум килограми.

„Сега сум одлична. Не сакам да зборувам за тоа. Ослабев од се‘ што ми се случува во последно време на тоа поле", изјавила таа во таа прилика.

Докторите ѝ нагласиле на пејачката дека и покрај проблемот со кој се соочила, нема да има проблем да стане мајка, бидејќи туморот навреме бил откриен и отстранет. Оваа ситуација уште повеќе ги зближи Ивана и нејзиниот избраник Предраг Мирковиќ, кој ѝ беше голема поддршка во се‘, а четири години подоцна ги радуваше веста дека ќе станат родители.


Ивана беше подложена на ин витро оплодување и ја роди ќерката Круна во ноември 2018 година.

„Кога ќе се впуштите во ваква авантура, од вас се очекува да бидете максимално одговорни, да земате терапија секој ден во предвиденото време, која вклучува и хормонски инјекции. Не се плашев, но не можев сама да си ги ставам. па Пеѓа го правеше тоа“, изјави пејачката за „Ало“ додека беше во друга состојба.


Фото и Видео: Youtube