Храната зготвена со оваа вода не се расипува: Народот верува дека „Сребрената вода“ е света

Добивај вести на Viber

Во близина на битолското село Крстоар, на падините на Баба Планина, крај малата црквичка „Свети Ѓорги“, со векови тече извор што народот го нарекува сребрена вода.

 Легендата вели дека изворот бил откриен по јавување на светец во сон, кој им укажал на мештаните каде да копаат. Од тој момент, местото станало свето, а луѓето од целиот пелагониски регион доаѓаат да наполнат вода, да се помолат и да побараат здравје.

Водата од овој извор е посебна по својата бистрота и стабилност. И во најголемите горештини и во студените зимски денови, таа тече со ист интензитет и температура. Не се заматува, не менува вкус, а според бројни раскажувања, ако се чува во шише со месеци, останува свежа како во моментот кога е наполнета. 

Битолчани велат дека зимницата подготвена со оваа вода никогаш не се расипува, а некои уверуваат дека има и лековити својства — особено за очите и кожата.

Денес, Сребрената вода од Крстоар останува еден од најмистичните природни феномени во Македонија – извор што од чија вода ниту храната се расипува, ниту водата и по долго стоење се заматува.

РЖМ / МСК / Фото извор: Meta - Pexels