„Ја молам пратеничката, да не му седи во скут на министерот“: Сцена од босанскиот парламент која го насмеја целиот регион

Добивај вести на Viber

Седницата на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, посветена на разгледување на предлог-буџетот на институциите за 2025 година, се одржа вчера и помина со неколку необични и бурни сцени.

Имено, за време на расправата, пратеникот од Демократскиот фронт, Златан Бегиќ, го прекина излагањето и побара од претседавачот да воспостави ред во салата, тврдејќи дека пратеничката на СНСД, Санја Вулиќ, седнала во скутот на министерот за финансии и трезор на БиХ, Срѓан Амиџиќ.

Бегиќ изрази забелешки на однесувањето на некои колеги, велејќи дека се „однесуваат како во кафеана“. 

На неговите зборови веднаш реагирала Санја Вулиќ, истакнувајќи дека ниту еден пратеник од СНСД не седел во туѓ скут, туку дека се само собрала околу секретарката Живковиќ.

Таа нагласила дека не ѝ била намерата да навреди никого, туку дека нејзината реакција била погрешно протолкувана.

Сцената предизвика негодување кај дел од пратениците, но и смеа во салата, а снимката од настанот стана „вирална“ на социјалните мрежи.

Извор: Mondo.ba