Јас сум таква, силна и пркосна жена, непоправлива и неподнослива за многу

Добивај вести на Viber

Јас сум таква, силна и пркосна жена, непоправлива и неподнослива за многумина. Јас сум резултат на моите напори и моите страдања, бидејќи секогаш одбивав да бидам жртва и да бидам роб на туѓото мислење. Она што го гледаш е сè што сум јас, без лага: некоја која се сака себеси и која, пред сè, го сака животот.

Секоја жена би требало да се потруди да биде силна, како психички, така и физички.

Но, сега ќе ја игнорираме физичката сила и ќе ги погледнеме внатрешните карактеристики што ја прават силна една жена. Проверете дали ги имате сите и работете на оние што ги немате.

Знаат дека не можат да бидат совршени во се

Силните жени не се оптоварени со тоа да бидат најдобри во се, туку секогаш се трудат да го дадат својот максимум.

Тие го сакаат своето тело и се грижат за него

Не се прејадуваат, но не подлежат на ригорозни диети, туку јадат квалитетна и здрава храна и редовно вежбаат.

Не се срамат од годините, но не се оптоварени ниту со тоа

Годините за нив се само бројка и сметаат дека тоа не треба да ги ограничува во ништо.

Тие не глумат

Тие не се преправаат дека се нешто што не се и секогаш се опуштени и самите себе.

Тие не губат време на луѓе кои не ги сакаат

Кога некој не им се допаѓа, тоа не го кријат и не пуштаат такви луѓе во нивниот живот.

Тие не го прават она што не им се допаѓа

Никој не може да ги убеди да одат против себе и да купат нешто што навистина не го сакаат. Тие секогаш цврсто се држат до своите ставови и верувања.

Тие се пристојни

Пристојноста е доблест што силните жени успеваат да ја зачуваат во сите ситуации и често ја користат како оружје против нељубезни луѓе.

Тие се независни

Знаат да се грижат за себе, а не им треба никој друг за да се забавуваат. Се разбира, тие пуштаат и други луѓе во нивниот живот, но не зависат од нив.


Фото: unsplash

Извор: pozitivanstav