Кога Македонци ќе застанат на иста сцена во Германија: Пере и Тина -Младоста и зрелоста направија вистински музички спектакл
Македонскиот музички артист Пере Нокаут доживеа неочекуван, но исклучително инспиративен момент во Дизелдорф, каде што се сретна со младата Тина Русева – девојчето што неодамна го освои германскиот „The Voice“ со својот моќен и препознатлив вокал. Средбата не само што била пријатна, туку се претворила и во вистинска музичка магија на сцена.
Пере сподели заеднички фотографии со Тина, придружени со зборови полни пофалби и благодарност:
„Премногу ми е драго што во Дизелдорф имавме можност да ја споделиме сцената со прекрасната Тина Русева, натпреварувачка од The Voice of Germany со извонреден глас и моќен настап. Нејзиниот перформанс беше идеален вовед пред нашиот сет. Голема чест за соработката – Нокаут & Тина Русева, и продолжуваме да твориме музика што спојува.“
Публиката во Дизелдорф имаше ретка можност да ги види заедно на иста сцена – Тина, која со својата енергија и техника освои внимание на европската јавност, и Пере, чија музичка зрелост и харизма се добро познати на македонската сцена.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм