Кога малата Каролина беше голема вест: Нејзината првата насловна страница во „Екран“ на само 13 години

Добивај вести на Viber

Македонската поп-дива Каролина Гочева деновиве ги разнежни своите следбеници со објава исполнета со носталгија и емоции, потсетувајќи се на своето прво појавување на насловната страница на некогашниот водечки музички магазин „Екран“.

Пејачката откри дека фотографијата, која ѝ била испратена, ја вратила во времето кога како срамежлива тинејџерка го чекала повикот за фотосесијата што ќе ја одбележи нејзината прва јавна афирмација.

„Јас со неполни 13 години за првпат на насловна на „Екран“. За оние кои не знаат, тогаш „Екран“ беше веројатно најзначајниот пишан музички медиум кај нас“, напиша Каролина, присетувајќи се на возбудата и тремата кои ги почувствувала кога редакцијата ја поканила да ја фотографираат.


Екипата на магазинот дошол во нејзиниот роден дом во Битола, каде што тогаш живеела со семејството. Според Гочева, токму оваа фотографија ја натерала да размисли за долгото патување од тој ден до денес – исполнето со бројни успеси, остварени и неостварени соништа, но и неизбежните животни предизвици.

„Единствено останаа непроменети мојата желба, музиката да биде дел од мојот живот и мојата верна придружничка – тремата“, додава таа со доза хумор и искреност.

Особена благодарност упати до ВБУ Музички регистар, кои, како што вели, честопати знаат да изненадат со вакви „blast from the past“ моменти. „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, додава Каролина низ смеа.

Објавата на Гочева брзо предизвика голем интерес и топли реакции од нејзините обожаватели, кои ја поздравија нејзината искреност и подготвеност да ги сподели делчињата од своите почетоци – моменти кои денес претставуваат важни страници од современата македонска музичка историја.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук