Луксуз во декемвриски дух: Како изгледа елката кај најелегантната дама кај нас
Олга Костовска, бизнисменка и една од најдобрo облечените жени кај нас, уште еднаш покажа дека естетиката ѝ е силна страна – не само во модата, туку и во уредувањето на домот.
На фотографијата што ја сподели, елката блеска во класичната празнична комбинација: длабоко црвени украси и топли златести светилки што создаваат атмосфера на отменост и суптилна гламурозност.

Елката е богато украсена, но со чувство за мерка – големи и мали црвени топки се распоредени рамномерно, без хаос и без претерување. Светилките ја опкружуваат како златна магла, правејќи ја да изгледа како извадена од празничен филм. Врвот, украсен со висока црвена декорација, додава елегантен финален потег.
Она што оддава најголема топлина е амбиентот во кој елката се наоѓа: вечерна светлина, широк простор и тивка, смирена празнична енергија. Сè заедно создава впечаток на дом во кој стилот и традицијата одат рака под рака.
Со оваа фотографија, Олга уште еднаш докажува дека „December state of mind“ може да изгледа исклучително – кога вкусот, деталите и празничниот дух се во совршен баланс.
Инаку Олга Костовска е меѓу најдобро стилизираните дами во земјава.

Воодушевува со истенчениот вкус на облекување и почитување на дрес-кодот. Никогаш ,ама никогаш не сме приметиле да направи моден гаф. Секогаш облечена по последна мода, исклучиво на високи потпетици, со средена фризура и со перфектна шминка.
Гардеробата за да ја купи треба да и се допаѓа, но за да ја носи треба да знае да ја носи. Нема омилени парчиња гардероба, најважно и е да се чувствува удобно во неа и таа да е направена од природни материјали. За гардеробата не е важно дали е марка или не, дали е престижен светски бренд или домашен дизајнер, но за чевлите и чантите да. Особено чантите кои ѝ се фетиш.
Динамиката на денот и расположението се пресудни за нејзиниот изглед. Но, сепак дизајнот и квалитетот на облековните елементи се примарни при изборот. Што се однесува до кројот, не е ограничена. Подеднакво носи тесни и лелеави модели, класични или ултра модерни.
РЖМ/ИС - Фото: Инстаграм стори Олга Костовска