Марта Димоска е првата Македонка и прва жена од Балканот аналоген астронаут која учествувала во симулација на мисија на Марс поддржана од НАСА

Аналогните мисии се многу важни за истражување на вселената и тоа е начин на кој астронаутите тренираат за претстојните вселенски патувања, а Македонката Марта Димоска ја има честа да стане првиот македонски аналоген астронаут и прва жена аналоген астронаут од Балканот.
Димоска учествуваше во симулација на мисија на Марс, поддржана од НАСА и сподели фотка и видео покажувајќи како изгледа тоа.
- Научниот офицер Мартина Димоска Н.1403 на Сол 4 на „Марс“ изведува EVA (Extravehicular Activity) во NDX-2 AT Space Suit (внатрешно познат како Blueberry).
Наспроти сите шанси, Димоска стана првата жена аналоген астронаут од Балканот, првиот македонски аналоген астронаут и прва во земјите од поранешна Југославија, вклучувајќи ги и соседните како Албанија, Косово и Бугарија - напиша Димоска и додаде дека откако континуирано се борела регионот целосно да ги прифати жените во вселената, да не ги исмева за нивните различни проактивни потфати што не се поврзани со СТЕМ, и откако енергично и упорно се залагала за вистинско глобално вклучување, внатрешно притискајќи ги организациите да ја препознаат привилегијата и да дадат повеќе инклузивни можности, таа конечно успеа.
Димоска служи во Crew 14 UND Integrated Lunar Mars Analog Habitat Mission финансирана од НАСА и појаснува:
- Аналогните мисии се толку важни за истражување на вселената и тоа е начинот на кој астронаутите тренираат за претстојните вселенски патувања. Тие нè подготвуваат за краткорочно и идно истражување на астероиди, Месечината, Марс и пошироко. Аналозите играат значајна улога во решавањето на проблемите за истражување на вселенски летови. Не можат да се направат сите експерименти во вселената - нема доволно време, пари, опрема и работна сила.