Животна училница // Приказни
Ме расплакува на роденден: Димитар ѝ го честиташе роденденот на Сара Мејс со емотивни зборови и видео од пробата за првиот свадбен танц

Пејачката и харфистка Сара Мејс вчера славеше роденден.
Пред еден месец со нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски одбележаа пет години во брак, а сега тој ѝ ја посвети најубавата роденденска честитка и успеа да ја расплака за роденденот.
Димитар објави видео од нивната проба за уникатниот прв свадбен танц, и напиша:
Драга Сара, ти посакувам… ма знаеш што се’ ти посакувам, а и тоа што не ми текнало, ти можеш сама да си го оствариш. Биди ни вечно здрава, насмеана, смела, инаетлива кога сакаш да си го оствариш своето и учи ги нашите деца да бидат точно тоа што си ти - бестрашна лавица.
Среќен роденден (кој иако е само бројка), партнерке во се’.
На што Сара му одговори:
- Зашто ме расплакуваш вака сега. ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТ БЕ
Парот годинава по втор пат станаа родители, а малата Илина си доби братче - Кирил.
Уште 100 пати, во 100 животи би го изиграла танцов со тебе: Со досега необјавени фотки од свадбата, Сара Мејс слави 5-годишнина од бракот со Димитар