Меган Маркл конечно ја прекина тишината и проговори за кралицата - Ова се чекаше

Добивај вести на Viber

Меган Маркл ја прекина тишината - во најново интервју и фотосесија за магазинот „Variety“ зборуваше за емоциите поврзани со погребот и жалоста по смртта на кралицата Елизабета Втора

По дипломирањето, Меган Маркл реши да изгради актерска кариера, уште од мали нозе ја поврзуваа со филмскиот сет. Слава ѝ донесе улогата во серијата „Suites“, каде што играше еден од главните ликови. Во 2018 година, таа се омажи за принцот Хари, земајќи ја титулата војвотка од Сасекс. За возврат, во пролетта 2020 година, Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, поднесоа оставка од извршување должости во британското кралско семејство. Неодамна, парот присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета Втора. Сега војвотката од Сасекс даде опширно интервју за Variety. Во интервјуто, сопругата на принцот Хари се отвори за жалоста за кралицата и откри за нејзините чувства за смртта на нејзиното височество.

Во интервјуто за списанието Variety, војвотката од Сасекс беше прашана за емоциите за време на престојот во Велика Британија. Сопругата на принцот Хари зборуваше само за позитивните чувства.


- Имаше таков излив на љубов и поддршка. Навистина сум благодарна што успеав да бидам со мојот сопруг за да го поддржам во овој тежок период. Она што е навистина убаво е наследството што неговата баба го остави зад себе на многу фронтови. Секако кога станува збор за жена лидер, таа е најјасен пример за тоа. Длабоко сум благодарна што успеав да поминувам време со неа и да ја запознаам. Беше комплицирано време, но мојот сопруг, секогаш оптимист, рече: сега му се придружи на сопругот – откри Меган.


Запрашана како се чувствува по оваа загуба, Меган Маркл одговори дека се фокусира на позитивни работи.

- Во важните моменти животот го гледате од повеќе перспективи. Тоа ве тера да се прашувате на што сакате да ја фокусирате вашата енергија. Во моментов се чувствуваме енергични и возбудени за сите работи кон кои се стремиме. Голем дел од нашата работа опфаќа и филантропија.

Конечно, Меган Маркл се отвори за нејзината врска со кралицата Елизабета Втора. Оваа врска се покажа како посебна за војвотката.

- Таа беше посебно. Се чувствувам среќно. И горда сум што имав добри односи со мајката на семејството – изјави Меган.


Таа зборуваше и за нејзините деца Арчи и Лили и откри многу работи за себе:




извор:najzena