Митровден е мојот нов роденден: Од болница се огласи Стефан Спирковски - момчето од страшната несреќа со квадрицикл кај Горно Количани, скопско (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Откако вчера од МВР излегоа со детали за страшната несреќата на локалниот пат од место викано „Мала Река“ кон с. Горно Количани, скопско – дека на осми ноември, 17-годишна малолетничка и 29. годишник со четирицикл излетале од патот, паднале во провалија, и со тешки повреди биле пренесени во болница, се огласи Стефан Спирковски - модел, фитнес инструктор и инфлуенсер откривајќи дека тој бил 29-годишното момче кое учествувало во несреќата.


Спирковски објави видео од болницата, заблагодарувајќи им се на Брза помош, противпожарната екипа и вработените на Ургентен центар и раскажа детали за страшната несреќа која им се случила.

Митровден е мојот нов роденден. Фала ви на сите што се грижите - напиша меѓудругото тој и се обрати на своите следачи со повеќе детали:

- Вчера бевме до Брегово поле со три квада и на враќање сакаше да вози другарката на сестра ми, а јас бев совозач и излетавме од кривина во провалија, некои 50 метри. Среќа носевме кациги, јас поминав со скршеница на рака и две ребра и мало оштетување на црн дроб.
Страшна беше ситуацијата, среќа имав кацига но удрив на камен, тогаш изгледа ми беше излетана кацигата. Се задржав на две гранки и чекав така четири саати, кога дојде противпожарна и Црвен крст.
Синоќа ме оперираа, можеше да биде и полошо, се чувствувам дека нема да можам да мрдам некој период, тоа и најтешко ќе го поднесам, но ќе дадам сè од себе - изјави Стефан од болницата.


Инаку Стефан е познат на Инстаграм по неговите видеа за здрав начин на живот и исхрана, и е успешен модел.