Наташа Беквалац повторно се мажи?! Карлеуша кума, а пејачката скока од радост (ВИДЕО)

Јелена Карлеуша изведе интересен настап на модна ревија во Белград. Пејачката прошета по пистата со бидермаер на песна која се изведува на свадби.
Јелена се правеше дека ги брише солзите, а потоа во еден момент го фрли бидермаерот кон присутните. Букетот го фати нејзината колешка Наташа Беквалац, која имаше реакција која ги насмеа сите присутни.
Имено Беквалац веднаш почна да скока и гласно да се смее. Публиката ја награди со аплауз.
Со оглед на тоа што постои популарно верување дека девојката која ќе фати бидермаер е следната која ќе оди пред матичар, на социјалните мрежи почнаа да кружат интересни коментари во описот на видеото.
Инаку, Наташа Беквалац зад себе има три брака и често се шегува на своја сметка кога се во прашање браковите и разводите.
Погледнете како изгледаше оваа ситуација: