НЕ Е ВО НАША НАДЛЕЖНОСТ, ОДГОВОР НА ИНСТИТУЦИИТЕ: Но, опасноста од уличните кучиња ги надминува сите граници

Проблемот со бездомните кучиња во Скопје, но и во останатите градови во Македонија не само што не се решава со години, напротив, во последно време станува сè посериозен. Голем е бројот на граѓаните кои секојдневно пријавуваат дека се каснати од куче, и тоа некои од нив се здобиваат со сериозни повреди. Освен тоа стравот и траумата стануваат долготрајни и кај оние кои досега воопшто не се плашеле од кучиња.
Фактор поразговара со некои скопјани кои сведочат дека без никаква причина биле нападнати од улични кучиња. 55-годишниот Димитар Н. вели дека во центарот на градот, односно на скопскиот плоштад бил каснат од куче додека возел велосипед.
- Секојдневно поминувам од таму, секогаш сум велосипед. Знам дека во тој дел на градот има многу, особено зошто во тој ред по кејот на Вардар има многу кафанчиња и ресторани и луѓето ги хранат. И тоа е во ред, зошто да се фрла храната, нека ги нахранат. Но, не можев да поверувам дека без никаква провокација оддеднаш ме касна куче во потколеницата. Веднаш бев на лекар, случајот беше документиран, земав оштета од град Скопје, но тоа не е решение. Мојата повреда не беше толку страшна, има луѓе кои се нападнати од по неколку кучиња. Навистина не знаеме каде веќе може да се обрати човек и овој проблем да се реши еднаш засекогаш, посочува Димитар. Повеќе на Фактор.мк
Фото: unsplash