Нејзините зборови болат: Пријателка на Јорданчо кој загина во кочанскиот пожар не може да се опорави од загубата

Добивај вести на Viber

Бојана Христова Јовановска, блиска пријателка на трагично загинатиот Јорданчо Џамов, не може да ја скрие својата тага по неговата смрт во пожарот во Кочани кој одзеде повеќе млади животи. 

Нејзините објави на социјалните мрежи денови наназад се исполнети со спомени од заедничките мигови, фотографии и емотивни пораки во негова чест.

Во последната објава, Бојана сподели фотографија на која е заедно со Јорданчо, придружена со кратка, но болна порака на англиски јазик: „I miss you so much, Jocka“ – „Ми недостасуваш многу, Јоцка.“

Пријателите сведочат дека нивното пријателство било искрено и полно со радост и смеа, а токму поради тоа нејзината болка е уште поголема. 

Под објавата веднаш се собраа бројни коментари со зборови на поддршка и сочувство, кои сведочат дека споменот за Јорданчо ќе остане жив во срцата на сите што го познавале.