Никој не остана рамнодушен: Гавазова ја отпеа најубавата патриотска песна, сите ги празнеа паричниците, солзи радосници насекаде (ВИДЕО)
Пејачката Сузана Гавазова повторно покажа зошто важи за една од најхаризматичните и најмоќните интерпретаторки на македонската естрада.
На неодамнешна прослава, таа ја отпеа легендарната песна „Што ќе остане“ на Гоце Арнаудов, која многумина ја сметаат за најубавата патриотска песна што ја слави љубовта кон татковината.
Видеото од настапот го сподели Тања Додева на своите социјални мрежи, а за кратко време предизвика бројни реакции и позитивни коментари. На снимката се гледа како присутните гости ја слушаат во апсолутна тишина, очигледно трогнати од нејзината емоција и моќен вокал.
Во еден момент, во знак на воодушевување, ѝ даваат и „бакшиш“ – гест што јасно покажува колку длабоко ги погодила со својата интерпретација.
Со својата препознатлива енергија, сценска присутност и патриотски дух, Сузана уште еднаш потврди дека знае како да ја допре публиката. Песната „Ако уште ми те делат“ во нејзина изведба доби нов живот – искрена, горда и емотивна, токму онаква каква што ја чувствуваат сите што ја сакаат Македонија.
Настапот уште еднаш потсети дека добрата музика не познава време и дека кога е пеана со срце – секогаш наоѓа пат до луѓето.