Ова го може само мусклулестиот Џејсон Момоа: Се соблече гол пред публиката, жените во транс (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Според многумина, еден од најзгодните актери на денешницата, Американецот со хавајско потекло Џејсон Момоа (43) повторно го привлече вниманието со своето голо издание пред милионската публика.

Имено, Момоа гостуваше во популарната емисија 'Jimmy Kimmel Live!', а во еден момент пред камерите, водителот Џими Кимел и публиката во студиото ги соблече панталоните и гордо го покажа задникот.

На почетокот Џими бил во чудо, а подоцна не можел а да престане да се смее. 

„Никогаш не сум се чувствувал повеќе како Дени Де Вито како сега“, се пошегувал водителот, алудирајќи на импозантното присуство на актерот, висок 1,93 метри. Публиката со воодушевување го поздрави потегот на Момоа, а додека тој се соблекуваше, од гледалиштето се слушаа само врисоци на воодушевување.


Видеото веднаш беше објавено на Фејсбук страницата на популарната ТВ емисија, а после видеото веднаш следеа коментари од воодушевените гледачи. „Каков маж“, „Еве зошто треба да биде најсекси маж на светот додека е жив“, „Ова никогаш не го очекував“, „Како да спијам после ова?“, „Најдобриот гостин досега“, беа дел од коментарите. 

Инаку, ова не е прв пат Момоа јавно да се пофали со својот задник. 


На крајот на октомври на својот Инстаграм објави неколку фотографии од својот одмор, а на една од нив го покажа голата позадина и фрли во транс повеќе од 17 милиони свои следбеници на Инстаграм.


Фото: Screenshot видео-Фејсбук Џими Кимел

Жените тврдат дека има сè што сакале од еден маж: „Ќе забременам дури само ако ги погледнам неговите фотографии“