Половина планета зборува за нејзиниот отмен стил: Помоќна е од Кејт, Меган и Летиција, се омажи за внукот на Грејс Кели, запознајте ја Беатрис
Беатрис Боромео е сопруга на внукот на познатата Грејс Кели и една од најдобро облечените дами
Беатрис Боромео е италијанска новинарка со аристократско потекло и сопруга на Пјеро Казираги, кој е син на принцезата Каролина од Монако и внук на познатата Грејс Кели.
Еволуцијата на нејзиниот стил започна кога Беатрис работеше како модел, а сега оваа ИТ девојка со својот моден изглед ги остави зад себе познатите кралски дами Кејт, Меган и Летиција.
На својата венчавка во Монако, Беатрис носеше не една, туку четири венчаници: две со потпис на Валентино, и две од Армани Приве, што беше доволен знак за каков моден познавач е таа, пишува Стил Курир.рс.
Која е всушност Беатрис Боромео?
Заедно со сопругот, Беатрис има два сина: Стефан и Франческо.
Посетувала некои од најдобрите училишта во светот, а кога магистрирала новинарство, тоа го направила во 2012 година на Универзитетот Колумбија.
Нејзиниот татко е Дон Карло Фердинандо Боромео, гроф од Арона, а нејзината мајка е грофицата Дона Паола Маркото.
Нејзиното потекло вклучува некои од најпознатите Италијанци во светот. Нејзиното семејство е многу богато и ги поседува поголемиот дел од Боромејските острови, кои се наоѓаат во Лаго Маџоре.
Иако е поврзана со кардинал на Римокатоличката црква, кој подоцна бил прогласен за светец, Беатрис се смета себеси за атеист.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot
Видео: Youtube
ГАЛЕРИЈА: