Позната оскаровка од Иран објави фотографија без хиџаб: Испрати моќна порака

Добивај вести на Viber

Позната иранска актерка на Инстаграм објави фотографија на која е без марама за да се солидаризира со антивладините демонстрации.

Таране Алидости, најпозната по улогата во филмот награден со Оскар „Трговскиот патник“, држеше табла на која пишуваше: „Жена, живот, слобода“, што стана вообичаен слоган меѓу демонстрантите.

Таа рече дека престојува во Иран.


Протестите за смртта на Махса Амини влегуваат во седма недела. 22-годишната девојка починала во притвор откако била уапсена од моралната полиција во Техеран поради неправилно носење хиџаб, пишува Би-Би-Си.

Алидости е една од најуспешните ирански актерки и има повеќе од осум милиони следбеници на Инстаграм. Таа глуми во филмот „Трговскиот патник“, кој освои Оскар за најдобар меѓународен игран филм во 2016 година.

Таа рече дека ќе остане во Иран по секоја цена и ја прекина кариерата за да ги поддржи семејствата на загинатите во протестите. Локалните активисти за човекови права велат дека во протестите загинале најмалку 328 луѓе, а 14.800 биле приведени.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Снимка од Иран на која ДВАЈЦА МАЖИ ТЕПААТ ЖЕНА која не носи хиџаб ги вознемири сите: Едниот ја клоца, другиот ѝ удира шлаканици, а потоа го ДОБИАТ ЗАСЛУЖЕНОТО