ПРИМЕР ОД СОСЕДСТВОТО: Газда ѝ подари автомобил на вработена благодарен поради лојалноста

Добивај вести на Viber

Во соседна Србија газда на ресторан подарил автомобил на работничка, благодарен поради нејзината лојалност. 

Готвачката во еден познат ресторан, Јована Јанковиќ од својот газда добила несекојдневен подарок. Газдата Ивица Цветковиќ решил да ја награди затоа што работела напорно и притоа останала верна кон фирмата.

„Па тоа е како за овие 10 години платата да ѝ била поголема за 2.000 динари. Ние се договаравме, дали да добие парична награда или автомобил, па решивме да ја изненадиме со возило“, изјавил газдата.


Повеќе детали читајте на Фактор тука.