Ребел Вилсон (42) стана мајка на преслатко девојче: Јавно се заблагодари на сурогат мајката која ѝ помогна да основа сопствено семејство (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ребел Вилсон стана мајка и објави фотографијата од нејзината ќерка која ја нарече Ројс Лилијан.

Комичарката и актерка Ребел Вилсон ги изненади и воодушеви сите со нова објава на социјалните мрежи.
- Горда сум што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, кое ми го роди минатата недела, сурогат мајка. Не можам ни да ја опишам љубовта што ја имам кон неа, таа е прекрасно чудо! Засекогаш сум им благодарна на сите што учествуваа, (знаете кои сте), за ова се подготвував со години...но особено сакам да се заблагодарам на мојата прекрасна сурогат мајка која ја носеше и роди Ројс со таква благодат и грижа. Ти благодарам што ми помогна да основам сопствено семејство, тоа е неверојатен подарок. Најдобар подарок досега!! Подготвена сум да ѝ ја дадам на малата Ројс сета љубов што таа може да ја замисли. Брзо учам за сè и многу ги почитувам сите мајки! Горда што сум што станав дел од вашиот клуб – напиша Ребел и сподели фотографија од своето мало преслатко девојче.


Вилсон во мај, за списанието People изјави дека изгубила многу килограми во 2020 година со надеж дека тоа ќе ѝ помогне да стане мајка бидејќи нејзиниот лекар за плодност ѝ рекол дека ќе има поголеми шанси да забремени доколку изгуби вишок тежина. 

Во јуни Ребел ги изненади своите обожаватели кога им ја претстави својата нова љубов. - Мислев дека барам принц од Дизни... но можеби она што навистина ми требаше цело ова време беше принцеза на Дизни - напиша тогаш 42-годишната актерка со фотографија на која е со својата девојка Рамона Агрум. 

View this post on Instagram

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)


Ребел официјално ѝ призна на јавноста дека е лезбејка, а пред тоа се појавуваше на бројни настани со Рамона и сите мислеа дека се само пријателки. А по само седум месеци врска, Ребел се вери со својата девојка Рамона на неодамнешната забава за Ноќта на вештерките.


извор:vecernji.hr