„Се омажив за Арап! Се согласив да му бидам втора сопруга“: Босанка открива како изгледа нејзиниот брак на далечина
Заминувањето на девојчиња и момчиња од Балканот на работа во арапските земји со години е се почеста појава.
Во регионот, поточно во Босна, во последните неколку години зачестија браковите меѓу Босанки и мажи од арапските земји.
Девојчињата со согласност на нивниот брат или татко стануваат втори, па дури и трети или четврти сопруги на Арапи, но она што е интересно е што остануваат да живеат во Босна, пишува БИРН.
Триесетгодишна девојка од Сараево станала втора сопруга на угледен Арап, а на него не му пречело што таа имала две деца од претходниот брак. Во интервјуто кое неодамна го даде, таа откри како се изгледа:
„Свесно се согласив на ваков тип на брак. Ние сме во брак пред Алах“, ја започна својата приказна Сарајката.
Како што изјави, средбата преку видео пораки и допишување траела околу два месеци, а потоа нејзиниот татко дал согласност и се венчале во Сараево. Како што откри таа, знаела уште дваесетина жени кои на сличен начин се омажиле за Арапи.
Венчавката ја врши лице кое е религиозно, но хартијата што ја добиваат по стапувањето во брак не е валидна според законските или исламските прописи во државата.
Од Исламската заедница во БиХ наведуваат дека немаат податоци за оваа појава.
Пред да се изврши верска церемонија, во Босна и Херцеговина потребно е да се изврши општинска венчавка, која се прави во согласност со Законот за семејство. Според тој закон, полигамијата не е можна - еден брачен другар да има повеќе од една жена.
Кога се омажила за Арап, Сарајката била свесна дека нема да може да го гледа сопругот секој ден. Како што рече, тој доаѓа во Босна речиси секој месец, понекогаш поретко бидејќи се зависи од тоа колку му дозволуваат обврските и работата.
„Што се однесува до мојот сопруг, тој е една душа од маж. Секој ден се слушаме и гледаме преку тие видео повици. Не ми недостасуваат тие убави зборови и бакнежи“, вели Сарајката, нагласувајќи дека целосно ја почувствувала неговата почит и љубов.
Таа вели дека времето кое го поминува далеку од сопругот го користи за да им се посвети на децата и на себе.
„Кога е таму, јас уживам, шетам...“, вели таа.
Како што вели и самата, ги советува жените кои се одлучуваат за ваков тип на брак да го прифатат фактот дека тој нема да биде постојано со нив и дека тие, имаат други жени и деца.
„Ако жената се согласила да го дели својот сопруг со друга жена, таа мора да ги прифати условите на таков брак“, забележува таа.
Кога се омажила за Арап, добила мираз, односно одреден имот и паричен надоместок што нејзиниот сопруг е должен да ѝ го даде во случај на развод. Исто така, секој месец добива одредена сума на пари за да може да ги издржува децата и себе си.
„Претежно бараат жени кои се разведени и имаат деца, за да им обезбедат иднина. Не им е во интерес да имаат деца со овие жени, иако има такви случаи“, вели таа.
Покрај Сарајката, познат е уште еден случај на девојка од Босна која на 23 години се омажила за маж од Кувајт.
Сараевскиот муфтија Енес Љеваковиќ тврди дека исламската заедница во БиХ нема точни податоци за феноменот Арапите да се венчаваат со жени од БиХ како втора или трета сопруга.
„Исламската заедница целосно ги почитува државните закони кои ја пропишуваат процедурата за свадба. Од друга страна, со ова се обезбедуваат правата на жените и тие се заштитени“, вели Љеваковиќ, напоменувајќи дека жените се заштитени само доколку државата признае одредена заедница како брак, што се остварува со „граѓанска“ венчавка.
Затоа, посочува Љеваковиќ, не може да се преземат мерки бидејќи не се нарушува процедурата на Исламската заедница, односно не се пријавуваат кај „нашите матичари имами“ и дека не се „запишани во матичната книга на венчаните на Меџлисот на Исламската заедница“.
И покрај недостигот на податоци, Сарајката вели дека познава околу 20 жени кои се венчале на ист начин.
„Знам дека има и во други градови каде што се практикува исламот“, вели таа и нагласува дека арапските жени се верници.
Тој исто така забележува дека разликата во годините меѓу сопружниците варира од 2 до 22 години.
„Ако веќе имаат до себе некој што е на нивна возраст, тогаш нормално е дека ќе бараат помлада. Иако има и случаи каде што бараат жени на нивна возраст“, вели таа, која е 15 години помлада од нејзиниот сопруг.
Адвокатот Есад Хрвачиќ нагласува дека никој нема право на полигамија на територијата на Босна и Херцеговина.
„Тоа е основен постулат на европското право и невозможно е да се примени шеријатскиот закон, според кој може да се склучи брак со повеќе жени“, вели тој.
извор:justice-repor/BIRN