Ѝ се врати на фризурата од пред 10 години: Елена Петреска направи шишки (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Елена Петреска е еден од нашите најдобри и најуникатни женски вокали. Иако во последно време е послабо активна на поп-сцената, музиката е и понатаму дел од нејзиниот живот. 

Пред само неколку дена објави дека како актерка ќе биде дел од нова турска серија посветена на Кемал Ататурк. Овој пат пејачката направи промена во имиџот.

Имено на нејзината препознатлива долга коса, направи шишки, кои ѝ прилегаат одлично.

Всушност ваква фризура Елена носеше пред точно десет години, а еве потсетување низ неколку фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм.