Се заљуби во оженет маж, никогаш не ја преболе неговата смрт: Животната приказна на легендарната Меги Смит

Добивај вести на Viber

Познатата актерка Меги Смит е родена на 28 декември 1934 година. Нејзинот  живот крие подеми и падови, а имаше и бурен љубовен живот

И покрај советите на нејзината баба да научи убаво да куца на машина за пишување, бидејќи не е доволно убава за да биде актерка, Меги Смит има 60-годишна актерска кариера.

Таа го имаше своето деби на Бродвеј на дваесет и една година, а наскоро доби покана од Лоренс Оливие да се приклучи на Британскиот национален театар.

Таа стана светски позната откако ја играше главната улога на Жан Броди во филмот „The Prime of Miss Jean Brodie“, а за таа улога доби Оскар за најдобра актерка во 1969 година. Вкупно, таа освои два Оскари, три Еми и една „Тони“ награда. 

Нејзиниот приватен живот не беше помалку бурен

Меги Смит првпат го запозна својот втор сопруг, Беверли Крос, со кого беше во брак 23 години до неговата смрт (Крос почина од срцев удар во 1998 година). Иако веќе беше во брак, тој ја запроси, а таа се согласи да го чека. Меѓутоа, додека го чекала Крос да се разведе, Смит го запознала Роберт Стивенсон. 

Се омажи за Стивенсон десет дена по раѓањето на нивниот прв син, Крис Ларкин. Двојката имаше уште еден син, Тоби Стивенсон.

По седум години брак, во 1973 година, тие се разведоа, а Меги се омажи за Беверли две години подоцна.

Меги Смит вели дека ужива да поминува време со своите внуци и дека тие се прекрасни. 

Пред неколку години, таа изјави дека се‘ уште се бори да се помири со смртта на нејзиниот сопруг, велејќи: „Сите велат дека ќе ти биде полесно со време, но јас не мислам така. Само е поинаку“.

„Џуди Кемпбел еднаш ми кажа една работа кога почина нејзиниот сопруг, чудно е чувството дека веќе не си на прво место“, додаде Смит.

Одликувана е како ветеран на британското актерство, таа е наградена за шест децении актерство. 

Меѓу поранешните добитници на оваа награда, воспоставена во 1917 година и ограничена на 65 живи истакнати личности, се физичарот Стивен Хокинг, актерот Иан Мекелен и уметникот Дејвид Хокни, пишува Надлан.

Според АП, 87-годишната актерка освоила два Оскари: за најдобра женска улога во филмот „The Prime of Miss Jean Brodie“ и за најдобра споредна улога во драмата „Калифорниски апартман“.


Најпознатите филмови во кои играше се „Отело“, „Соба со поглед“, „Патувања со тетка ми“ и „Госфорд парк“, а помладата генерација најдобро ја памети по улогата на професорката Минерва Мекгонагал во Хари Потер филмските серии. 

Имаше подеднакво успешна кариера како телевизиска актерка. Играше значајни и пофалени улоги во ТВ сериите „Одеднаш, минатото лето“, „Дејвид Коперфилд“, „Мојата куќа во Умбрија“, „Прогонството на Марија“.

За нејзината улога во „Downton Abbey“, таа беше наградена со Еми за најдобра споредна женска улога во минисеријата во 2011 и 2012 година. 

Меги Смит е номинирана за шест Оскари. Добитник е на наградата БАФТА пет пати, има три Еми и три Златни глобуси и со право се смета за една од најдобрите и најценетите актерки во светот. Моментално го снима филмот „The Lady in the Van“ во кој ја повторува улогата на ексцентрична бездомничка во истоимената претстава на Ален Бенет.

Пред неколку години во Лондон се одржа свечена церемонија за доделување на наградите Бафта. Леонардо Ди Каприо беше еден од големите победници на вечерта, бидејќи си замина дома со признанието за најдобар актер. Расположен, се смешкаше поради долгоочекуваниот Оскар, но и беше главната sвезда на вечерта поради убавиот бакнеж со Меги Смит.

Имајќи предвид дека церемонијата се одржа на Денот на вљубените, се‘ беше во знакот на љубовта, па затоа еден сегмент беше одреден за „камера за бакнежи“. Значи, кој и да беше во рамката на оваа романтична камера, мораше да бакне. Ди Каприо со ентузијазам ја прифати оваа задача кога се најде во кадар со 40-години постарата од него, Меги Смит.


Фото: Profimedia

Видео: Youtube