Синот Марио ја разбуди нежната страна на Марија Шерифовиќ: Најемотивната роденденска честитка ја напиша токму за него

Добивај вести на Viber

Пејачката Марија Шерифовиќ, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, денеска има посебна причина за славење – нејзиниот син го прославува својот втор роденден.

 По тој повод, Марија се огласи на својот Инстаграм профил и со неколку емотивни зборови го разнежи регионот.

Фото извор: Инстаграм принтскрин

Во објавата што ја сподели со своите следбеници, таа напиша кратка, но трогателна порака и го нарече синот Марио - нејзин живот. 

Фото извор: Инстаграм принтскрин

Со овие зборови, Шерифовиќ уште еднаш ја покажа својата нежна, мајчинска страна, која ретко ја открива во јавноста.

Фотографијата што ја придружува честитката открива топол момент меѓу мајка и син – симбол на безусловната љубов што ја чувствува.

Марија често зборува дека нејзиниот син ѝ го променил животот од корен и дека токму тој ѝ донел мир, смисла и најискрената љубов. 

Денешниот роденден, велат нејзините блиски, ќе го прослави во кругот на најсаканите – тивко, семејно и со многу емоции.

М.С.К / Фото насловна: Колаж - Принтскрин Инстаграм