Слатка празнична приказна од кујната на Сања Савеска: Празнични колачиња што освојуваат на прв поглед - ВИДЕО РЕЦЕПТ
Празниците се незамисливи без мирисот на цимет, мед и ванила, а оваа година водиелката Сања Савеска – препознатливото лице на „Брза кујна“ – повторно го украси Instagram со нешто слатко, креативно и неодоливо. Водителката подготви шармантни колачиња, совршени за новогодишната трпеза, и со своите следбеници сподели детално видео и рецепт.


На фотографиите се гледа нејзината препознатлива прецизност и љубов кон кујната – секој колач украсен со рачно исцртани детали, весело лице и шарени бонбони што му даваат карактер. Сања умее да создаде колачиња што не само што се вкусни, туку и изгледаат како минијатурни уметнички дела.

Следбениците веднаш реагираа со воодушевување – дел поради рецептот што е едноставен и совршен за домаќинки, а дел поради празничната атмосфера што Сања знае да ја пренесе во секое свое видео.
Со само неколку состојки, малку креативност и празнично расположение, таа покажува дека најубавите моменти во декември често се случуваат токму во кујната – таму каде што мириса на дом, традиција и љубов.
Рецептот може да го погледнете во видеото а на нејзиниот Инстаграм профил ќе го најдете и рецептот:
РЖМ/ИС - ФОТО: Принтскрин