Сораја се огласи од болницата: Старлетата откри како се чувствува по сообраќајната несреќа
Пријателката на Сораја откри дека старлетата ѝ се јавила од болница
Како гром од ведро небо се појави веста дека Сораја Вучелиќ имала сообраќајна несреќа и дека се борат за нејзиниот живот, а оттогаш се објавуваат различни информации за здравјето на старлетата.
Наводно, Сораја немала сериозни повреди, но, како што тврди нејзината пријателка, се работи за набиено ребро и немала операција поради внатрешно крварење, поради што животот ѝ висел на конец како што објавуваа медиумите, пишува Курир.
Добра пријателка на старлетата, која успеала да стапи во контакт со неа, тврди дека Вучелиќ и кажала дека нема сериозни повреди и дека сега е добро.
Сораја ѝ кажала дека имала полесна сообраќајна несреќа и дека нема сериозни повреди, како и дека ја чека мала интервенција под локална анестезија.
- Сега сум добро, немав сериозни повреди како што пишуваат весниците, само си го набив реброто. Денеска чекам интервенција со локална анестезија, по што мислам дека се ќе биде во ред - изјавила Сораја кога контактирала со својата пријателка.
извор:republika.rs