Стана позната поради несекојдневните веѓи: Трпеше навреди, а денес стои рамо до рамо со светските ѕвезди (ФОТО)

Добивај вести на Viber

На Софија Хаџипантели не ѝ пречеа негативните коментари кои ги добиваше за веѓите

Познатата манекенка Софија Хаџипантели се појави на доделувањето на наградите Glamour City Woman of the Year во Лондон. Таа се најде во друштво на светски ѕвезди, иако претходно ја исмеваа поради веѓите.



Таа за оваа пригода одлучи да облече син фустан со светки и тул. Најголема промена кај неа беше бојата на косата, со оглед на тоа што до неодамна беше црномуреста. Сега е обоена во црвена нијанса која е многу популарна оваа сезона.



Во 2017 година стана светски познат модел поради нејзините густи и необични веѓи. Тогаш претрпе многу навреди за физичкиот изглед, но не обрнуваше внимание на ваквите коментари.



- Кога луѓето дознаа за мене на социјалните мрежи, почнаа да ми испраќаат пораки со омраза. Многумина велат дека сум лицемерна бидејќи не ги кубам веѓите, но очигледно е дека се дотерувам како и сите други. Ние кипарските Грци сме многу влакнести луѓе, сигурна сум дека многумина ќе се сложат со мене. Никогаш не ми пречеше таквиот изглед затоа што баба ми, тетките, сите имаа дебели веѓи и никогаш не се плашеа да бидат свои, без разлика дали ќе ги искубат или ќе ги остават да растат. Всушност, никого никогаш не се грижел премногу за тоа - рекла Софија во една прилика и признала дека ги бојадисува веѓите, кои се природно кафени, затоа што тоа и се допаѓа.

View this post on Instagram

A post shared by sophia (@sophiahadjipanteli)



Фото: Инстаграм Screenshot