Станија Добројевиќ се мажи: Богат бизнисмен ја запроси старлетата, веднаш ѝ го забрани ова

Добивај вести на Viber

Старлетата Станија Добројевиќ (37) која пет месеци е во врска со бизнисмен со српско потекло се мажи. Нејзиниот вереник наводно неодамна дошол во Србија да ја запроси.

- Станија „одлепи“ по него! Таа се однесува како никогаш претходно да не била заљубена. Се запознале во Мајами преку заедничка пријателка додека таа била во врска со Марко! Веднаш се родиле симпатии, но таа не сакала ништо со него додека не ја прекине врската со Марко. Затоа отпатувала во Србија и раскинала со Марко! Сфатила дека нема иднина со него и не сакала да го залажува - вели пријателката на Станија која инсистирала да остане анонимна.

Старлетата не очекуваше дека толку брзо ќе реши да застане пред олтарот со своето ново момче.

- Мислеше дека ништо сериозно нема да излезе од новата романса, но тој ја изненади летово и дојде во Србија. Веднаш заминаа на заеднички одмор, ги посетија Италија, Хрватска, Словенија... Таму ја запроси! - вели соговорничката и додава дека по враќањето Станија го запознала вереникот со мајка си и брат ѝ:

- Воодушевени се од него, ми рекоа дека е нормален, сериозен и богат, но дека никогаш не се фали со своето богатство.


Откако го запознал семејството на Станија, нејзиниот вереник се вратил во Мајами.

- Станија поради него цела ноќ „висеше“ на „Скајп“, двајцата се однесуваат како тинејџери. Не се долго заедно, но многу зборуваат за венчавката! Таа неодамна отпатува во Мајами токму поради венчавката. Таму планираат да се венчаат, а напролет ќе дојдат во Србија да направат голема православна свадба - вели соговорничката.

Иако старлетата најави дека ќе влезе во „Задруга 6“, каде што е нејзиното поранешно момче Марко, новиот вереник ѝ го забранил тоа!

- Станија нема да влезе во „Задруга“ затоа што идниот сопруг не го дозволува тоа. Ѝ рекол дека веќе нема потреба така да заработува, особено да биде во реално шоу со поранешното момче - ја завршува приказната пријателката на Станија.

- Не сакам повеќе да зборувам за мојот приватен живот, претходно неколку пати се изгорев... Нека засега биде тајна - накратко изјави Добројевиќ за гласините дека се мажи.

Извор: www.blic.rs

*Потресна исповед на Станија за „Операција Олуја“ и заминувањето од Хрватска: Татко ми го убија, фрлија бомба во куќата