Старите лица во фокусот: Прва меѓународна научна конференција која се организира во Македонија од страна на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина

Добивај вести на Viber

По повод 67 години од формирањето на ЈЗУ Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, утре се одржува научна конференција посветена на современите предизвици и идниот развој на геријатриската и палијативната грижа во Македонија. 

Настанот обединува лекари, медицински професионалци, истражувачи и експерти кои го посветија својот труд на унапредување на квалитетот на живот на најстарите и најранливите пациенти.

За активностите и значењето на овој јубилеј говори прим. д-р спец. Ленче Нелоска, која за „Женски магазин“ истакнува дека конференцијата е не само професионален собир, туку и важен потсетник за континуираното вложување во грижата за старите лица.

Таа нагласува дека палијативната и геријатриската медицина мора да добијат посилна поддршка, современи пристапи и оддржливи системски решенија, бидејќи достоинствената нега е основно човеково право.

Деталите од конференцијата и изјавата на прим. д-р Нелоска проследете ги во продолжение: