Светлана ја напушти државната работа во град и отиде да живее на село: Сопругот Александар го запознала преку ТВ емисија

фото:PRINTSCREEN/YOUTUBE/JOVAN MEMEDOVIĆ OFFICIAL
Александар Маниќ (38) од околината на Пирот сосема неочекувано преку една телевизиска емисија ја запознал својата сопруга Светлана, а таа решила да ја напушти работата во град и да оди да живее на село.
Тој дипломирал на Археолошкиот факултет и работел во музејот во Пирот, но секогаш сонувал да се врати на село. Така направил и пред три години се вратил во селото Изатовци во Пиротско, каде што живее и неговото семејство кое се занимава со сточарство.
Светлана ја запознал благодарение на емисија.
- По вашата емисија, мојата сегашна сопруга ме контактираше, кога ќе почувствува човек, тоа е тоа. Не ни знаев како изгледа, во нејзиниот глас почувствував дека таа е вистинската. Се запознавме во Пирот, таа ја напушти државната работа во Белград, работеше како ревизор и дојде овде. Мојата сопруга е многу похрабра од мене - изјавил Александар Мемедовиќ.
Таа дипломирала на Економскиот факултет во Белград, а кога ја видела емисијата знаела дека тој е тој.
- Се случи нешто за што не сонував. Беше на почетокот на 2021 година кога го гледав шоуто и го видов него. Го видов човекот што го чекав цел живот. Јас го направив првиот потег. Му оставив порака, подоцна разговаравме - изјавила Светлана.
Тие добија син и тоа е првото новороденче во овој дел на Стара Планина по 40 години. Сега имаат 70 овци, имаат планови, а простор за страв нема. Тие се залагаат за враќање во селата и за поздрав начин на живот.
(Kurir.rs)