Трик на кој не се сетија ниту најискусните домаќинки: Еве како најбрзо да ги исушите алиштата во зима

Добивај вести на Viber

Сушењето алишта во текот на зимата може да биде многу комплициран процес

Во текот на зимата, сушењето алишта за многу жени станува вистински кошмар. Дебелите зимски работи тешко се сушат, а ако ги ставите на радијатор, тој многу испарува и создава влага и мувла во куќата.

Доколку и вие барате ефикасен и едноставен начин за сушење облека, погледнете го овој трик.

На „Tik Tok“, можете да најдете куп различни совети за домаќинството. Некои од нив се ефективни, некои не, а ова е она што остави многумина без зборови.

Имено Лора Вилијамс реши да го открие најбрзиот начин за сушење облека во зима.

- Ставете ја сушарата за алишта до радијаторот, покријте ги алиштата со чаршав, напикајте го другиот крај од чаршафот во задниот дел од радијаторот и проверете дали е вклучено греењето - напиша Лаура.

@cleaning_at83 Hack for drying your clothes FASTER #viral #hack #lifehack #laundry #fyp #foryou #cleaningat83 #foryou Little Bitty Pretty One - Thurston Harris

Кога ги сушите алиштата на сушара, оставете малку повеќе простор помеѓу алиштата, бидејќи така воздухот ќе може да циркулира и облеката побрзо ќе се исуши – додава таа.

Некои корисници го испробаа овој трик и го споделија своето задоволство на социјалните мрежи. Пробајте го сами и кажете ни ги вашите впечатоци.

Извор: glossy.espreso.co.rs