ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД СО ЕДЕН КЛИК – „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВОВЕДЕ МОДЕРЕН СИСТЕМ ЗА ОНЛАЈН ЗАКАЖУВАЊЕ
Како современа болница чијшто приоритет се пациентите и достапноста на медицинските услуги, „Аџибадем Систина“ воведе нов модерен онлајн систем за закажување на термини, достапен 24/7.
Отсега, пациентите можат бргу и едноставно да закажат преглед директно преку мобилен телефон, компјутер или лаптоп – без чекање и без телефонски повици. Новиот систем овозможува практичен, модерен и сигурен пристап во време што најмногу им одговара на пациентите.
Воведувањето на онлајн закажување е важен чекор во дигитализацијата на нашите услуги и унапредувањето на квалитетот на грижата што ја добиваат пациентите.
Покрај новата онлајн услуга, Контакт-центарот на болницата и натаму е достапен за пациентите како поддршка. Во Контакт-центарот на телефонскиот број 02 30 99 500 можете да ги добиете сите потребни информации за услугите на болницата и да закажете преглед.
ПР објава